НЕКА СИ ЈА МИСЛАТ ПУШАЧИТЕ КАКО ПОНАТАМУ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ И НАЈАВИ РИГОРОЗНИ МЕРКИ ПРОТИВ ПУШЕЊЕТО ВО 2024

    НЕКА СИ ЈА МИСЛАТ ПУШАЧИТЕ КАКО ПОНАТАМУ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ И НАЈАВИ РИГОРОЗНИ МЕРКИ ПРОТИВ ПУШЕЊЕТО ВО 2024Ќе има ригорозни мерки за пушењето во идната 2024 година и потпишан протокол со Светска здравствена организација, најави министерот за здравство Меџити. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека во 2024 година ќе има поригорозни мерки против пушењето. Тој денеска беше во тетовската Клиничка болница, каде присуствуваше на промоција на соба за доење, а како одговор на новинарско прашање какви мерки ќе се преземат поради големото загадувањена воздухот и сè поголемиот број проблеми кои ги имаат луѓето со респираторни заболувања.

    „Денес зборувавме со службите во Министерството на колегиум кој го имаме секој понеделник. Ќе има ригорозни мерки за пушењето во идната 2024 година и потпишан протокол со Светска здравствена организација. Нека си ја мислат пушачите како понатаму“, рече Меџити.

    На прашањето до каде е процесот за опфаќање на сите пациенти со цистична фиброза со лекот „трикафта“, Меџити посочи дека се работи на прагматично и сеопфатно решение.

    „Овие пациенти беа вклучени од првиот ден кога јас дојдов за министер. После еден месец јас ја донесов првата ‘трикафта’ за тие првопланирани осум, па после и за 12 пациенти, нели со поевтина цена за да можеме да го зголемиме бројот на пациенти, тоа што никој не веруваше досега. Јас лично верував во себе и за толку кратко време овој проблем го решив. Така ќе постапиме, ќе треба точно да се одреди локацијата каде ќе бидат згрижени понатаму пациентите, затоа што немаше ни стручна комисија немаше ни јасни протоколи“, рече Меџити.

    Одговарајќи и на прашање до каде е со изградбата на болниците во Кичево и Штип, Меџити повтори дека двата договори за доградба на тамошните објекти се раскинати.

    „Договорот е раскинат за Кичево исто како и за болницата во Штип, поради прагматични причини за да не се дозволи да се продолжат да се влечат проблемите, поради прагматичност и ќе се пристапи кон нова постапка за реализација на овие проекти“, посочи Меџити.

    За јавните набавки за нови лифтови во тетовската болница, Меџити рече дека процесот е во Второстепена комисија и се поништува во два наврата, а потенцираше дека има обезбедено средства за да се набават.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира