Суспендирана е акушерка на скопската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) која, во текот на испис на новороденче ненамерно пресекла мал дел од палецот на бебето, соопшти Министерството за здравство. Инцидентот се случил на Одделот за новородени деца.
Од Министерството велат дека дежурниот педијатар на ГАК постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденчето е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата.
Акушерката е дадена на Дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место.