ПОЛИЦИЈАТА ДОБИ ДВЕ ВОЗИЛА-ПРЕСРЕТНУВАЧИ СО КАМЕРИ ЗА СНИМАЊЕ СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ

    ПОЛИЦИЈАТА ДОБИ ДВЕ ВОЗИЛА-ПРЕСРЕТНУВАЧИ СО КАМЕРИ ЗА СНИМАЊЕ СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИВозилата се опремени со камери и систем со кој многу лесно се документираат сообраќајни прекршоци.(Фото: МВР)

    Полицијата отсега ќе казнува за сообраќајни прекршоци со возила-пресретнувачи. Станува збор за возила кои се опремни со камери и за прв пат ги има кај нас, а се донација од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    Возилата се опремени со таканаречениот систем „ПолКам“ од Полска со кој многу лесно се документираат сообраќајни прекршоци како што се минување на црвено светло, возење со поголема брзина од дозволената, непрописно престигнување и други прекршоци. Брзината на движење на возилата може да се мери на фиксна и променлива оддалеченост.

    Уредот овозможува видео запис од 25 фотографии во секунда, мапа на којашто се покажува локацијата каде е направено видеото, а има и опција за пронаоѓање и автоматско препознавање на регистарски таблички кои направиле прекршоци. Камерите прават снимка со висока резолуција. Поставени се на предниот и задниот дел од возилото и снимаат и во денски и ноќни услови“, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира