ПОСКАПЕ БИЛЕТОТ ВО ДЕТСКИ ТЕАТАР ОТИ 150 ДЕНАРИ БИЛА СМЕШНА ЦЕНА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ДИМИТРОВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОСКАПЕ БИЛЕТОТ ВО ДЕТСКИ ТЕАТАР ОТИ 150 ДЕНАРИ БИЛА СМЕШНА ЦЕНА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ДИМИТРОВ

    Билетот во Театарот за деца и младинци (ТДМ) поскапе за 50 денари. Од први јануари, картите за ова омилено место за децата се по 200 денари, наместо како што беше долги години, 150 денари.

    “Цената на билетите е зголемена оти имаме многу трошоци, а досегашната цена од 150 денари е смешна. Имаме трошоци за хонорарци и за останат помошен персонал. Од друга страна бројот на седишта е мал, само 112 седишта и економски е неиздржливо да функционираме со таа цена”, вели директорот на ТДМ, Братислав Димитров.

    За организираните претстави преку училиштата , влезницата останува непроменета, по 100 денари. За социјално загрозените семејства, кои ќе дојдат со потврда дека се приматели на социјална помош, влезот е бесплатен, исто како и за децата без родители. Димитров додадава оти ТДМ често игра претстави во домовите за деца без родители.

    Театарот за деца и младинци е едно од омилените места за славење родендени. Таму како и досега, нема да се плаќа за користење на простор, единствен услов е да се набават минимум 20 влезници.

    “Одлуката да ги зголемиме цените на билетот е буквално изнуден потег, но беше неопходно за да се овозможи елементарно оддржување на Театарот”, вели Димитров.

    Во 27 години постоење, Тетарот имал над 60 премиери и повеќе од 300.000 посетители. Најиграна претстава е “Принцезата на зрно грашок” во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, премиерно изведена во 1993.

    БИЛЕТИТЕ ВО МОБ ПО 200, ЗА ФИЛХАРМОНИЈА ПО 150 ДЕНАРИ

    Македонската опера и балет (МОБ) најчесто за викенди на репертоарот става балетски и оперски претстави за деца, како “Снежана и седумте џуџиња”, “Оревокршачка”, “Мала волшебна флејта”. Билетот за детските претстави во МОБ чини 200 денари.

    Едни од најпосетуваните настани на Македонската филхармонија се концертите за деца, каде музичарите, заедно со диригентот и аниматорот, им ги претставуваат на најмладите инструментите и делата. Билетот кај нив чини 150 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира