СЕ ЗАПАЛИ АВИОН НА АЕРОДРОМОТ ВО ТОКИО, НАВОДНО СЕ СУДРИЛ СО ДРУГ АВИОН

    СЕ ЗАПАЛИ АВИОН НА АЕРОДРОМОТ ВО ТОКИО, НАВОДНО СЕ СУДРИЛ СО ДРУГ АВИОНПортпаролот на „Џапен ерлајнс“ изјави дека во авионот, кој пристигнал од Хокаидо, имало над 300 патници

    Патнички авион на јапонската авиокомпанија „Џапен ерлајнс“ се запали на пистата по слетувањето на аеродромот „Ханеда“ во Токио. Снимките што ги објави државната телевизија „НХК“ покажуваат пламен како излегува од прозорите на авионот, како и под него. Пистата исто така е во пламен.

    Властите велат дека авионот можеби се судрил со друг авион по слетувањето. Портпаролот на „Џапен ерлајнс“ изјави дека во авионот, кој пристигнал од Хокаидо, имало 300 патници. Се верува дека другиот авион ѝ припаѓал на јапонската крајбрежна стража.

    Од авиокомпанијата дополнително соопштија дека сите 379 патници и членови на екипажот се евакуирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира