НАД 100 МРТВИ ВО ДВЕ ЕКСПЛОЗИИ БЛИЗУ ГРОБОТ НА ИРАНСКИОТ ГЕНЕРАЛ СОЛЕЈМАНИ

    НАД 100 МРТВИ ВО ДВЕ ЕКСПЛОЗИИ БЛИЗУ ГРОБОТ НА ИРАНСКИОТ ГЕНЕРАЛ СОЛЕЈМАНИСтотици луѓе учествувале во процесијата во градот Керман (Фото: АП)

    Над 100 луѓе загинаа во две експлозии близу гробот на генералот на Иранската револуционерна гарда Касем Солејмани, што се случија на четвртата годишнина од неговото убиство. Државните медиуми објавија дека уште 170 луѓе се ранети во експлозиите чија мета била процесијата близу џамија во јужниот град Керман.

    Заменик-гувернерот на Керман ги опиша експлозиите како терористички напад, без да наведе кој би можел да стои зад него. Досега ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот.

    „Две експлозивни направи поставени покрај патот што води до гробиштата на мачениците во Керман беа активирани од далечина од терористите“, изјави еден неименуван функционер.

    Според државните медиуми, стотици луѓе се движеле кон гробот како дел од церемонијата со која му се оддавала почит на Солејмани, кој беше убиен во американски напад со дрон во Ирак во јануари 2020. Солејмани важеше за најмоќната личност во Иран по врховниот водач, ајатолахот Али Хаменеи. Неговото убиство беше наредено од тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира