ИСТЕКУВА ВРЕМЕТО ЗА НАОЃАЊЕ УШТЕ ПРЕЖИВЕАНИ ПО СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈАПОНИЈА, ДЕСЕТИЦИ СЕ ВОДАТ КАКО ИСЧЕЗНАТИ

    ИСТЕКУВА ВРЕМЕТО ЗА НАОЃАЊЕ УШТЕ ПРЕЖИВЕАНИ ПО СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈАПОНИЈА, ДЕСЕТИЦИ СЕ ВОДАТ КАКО ИСЧЕЗНАТИВо Ваџима е регистрирана најголемата бројка загинати (Фото: АП)

    Спасувачите во Јапонија се во трка со времето да пронајдат уште преживеани по новогодишниот земјотрес, откако изминаа критичните три дена. Најмалку 84 луѓе загинаа, а 330 се повредени откако земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтерова скала го погоди централниот полуостров Ното во понеделникот.

    Се верува дека уште многу луѓе се затрупани под нивните урнати домови, најмногу во градовите Сузу и Ваџима. По првичните 72 часа, шансите за пронаоѓање живи луѓе значително се намалуваат. Официјални лица кажаа дека речиси 80 луѓе се водат како исчезнати.

    Десетици илјади луѓе и натаму немаат струја и вода, додека стотици не можат да добијат помош поради уништени патишта и свлечишта. Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека досега се спасени 150 луѓе и дека спасувачите продолжуваат со целосната потрага. Повеќе од 30.000 луѓе од погодените подрачја се сместени во засолништа.

    Ваџима денес е град на духови откако најголем дел од 23.000 жители веднаш се одзвале на повикот за евакуација по тревогата за големо цунами. Сепак, тука е регистрирана и најголемата бројка загинати, 48 и се очекува трагичниот биланс да расте.

    Во Сузу, град со 13.000 жители, речиси да нема оштетена куќа. Околу 90% се целосно или делумно уништени, изјави градоначалникот Масухиро Изумија.

    Јапонија е една од најактивните земјотресни земји на светот и ваквите активности се зголемиле околу Ното од крајот на 2020, при што во меѓувреме биле регистрирани над 500 мали и средни земјотреси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира