СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ПРЕДИЗВИКА ХАОС ВО ШВЕДСКА, ИЛЈАДА ВОЗИЛА ЦЕЛ ДЕН ЗАГЛАВИЈА НА ГЛАВНИОТ АВТОПАТ

    СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ПРЕДИЗВИКА ХАОС ВО ШВЕДСКА, ИЛЈАДА ВОЗИЛА ЦЕЛ ДЕН ЗАГЛАВИЈА НА ГЛАВНИОТ АВТОПАТПолицијата и спасувачите работеа цела ноќ за да ослободат стотици луѓе од возилата (Фото: Гети)

    Шведските вооружени сили им доставуваа храна и вода на околу 1.000 возила кои речиси 24 часа беа заглавени на главниот автопат во услови на силен снег. Многумина од заглавените беа евакуирани од спасувачките екипи и им беше кажано да се вратат по своите автомобили подоцна.

    Екстремно студено време погоди делови од Шведска, Финска и Норвешка, а поради снежна бура во Данска, бројни возачи останаа заглавени на автопат близу Архус. Метеоролошка станица во северна Шведска ја регистрираше најстудената ноќ во земјата во последните 25 години, со температура од -43,6 Целзиусови степени.

    Хаосот на главниот автопат во Шведска почна вчера во девет часот, откако силниот снег го направи сообраќајот невозможен во двете насоки.

    „Ова е тотален хаос“, изјави портпаролката на полицијата Евелина Олсон.

    Чистачи на снег пристигнаа вчеравечер, а полицијата и спасувачите работеа цела ноќ за да ослободат стотици луѓе од возилата. Една жена изјави дека таа и нејзините две деца биле ослободени по дури 19 часа.

    „Проблемот е што паѓа толку многу снег што го покрива патот само половина час откако ќе се расчисти. Патот веројатно ќе остане непрооден до петок наутро“, кажа Олсен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира