Лидерот на ДУИ Али Ахмети го прослави 65. роденден со песни и жива музика во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, според видеото кое го објави денеска вицепремиерот Артан Груби.
„Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја пишуваат историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè што е свето за албанството, на неговиот грб, денеска полни 65 години“, напиша Груби на Фејсбук.
На видеото, освен бендот и Ахмети како пее, се гледа и чад од цигари во просторија на државната институција со која раководи Груби.