БОЛИВИЈА ЗАПЛЕНИ РЕКОРДНИ 9 ТОНИ КОКАИН ВРЕДЕН 526 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    БОЛИВИЈА ЗАПЛЕНИ РЕКОРДНИ 9 ТОНИ КОКАИН ВРЕДЕН 526 МИЛИОНИ ДОЛАРИДрогата била скриена во материјали за дрвени подови пронајдени во камион и најверојатно била наменета за Холандија, каде што вредноста се проценува на околу 526 милиони долари. (Фото: Принтскрин од видео)

    Боливија објави рекордна заплена на кокаин од западниот регион Оруро во земјата, соопштија властите, проценувајќи ја дрогата со локална улична вредност од 224 милиони долари, но речиси двојно повеќе од онаа во Европа, каде што најверојатно се упатил недозволениот товар.

    Боливискиот претседател Луис Арс рече дека товарот од 8,8 метрички тони е најголем досега запелнет во земјата. Тој додаде дека дрогата била скриена во материјали за дрвени подови пронајдени во камион и најверојатно била наменета за Холандија, каде што вредноста се проценува на околу 526 милиони долари.

    Операцијата вклучуваше и апсење на четворица осомничени шверцери на дрога, што произлегуваат од девет рации, рекоа властите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира