РАКОМЕТАРИТЕ ПРЕД РЕКОРДНИ 53.000 ГЛЕДАЧИ ИЗГУБИЈА ОД ФРАНЦИЈА НА СТАРТОТ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА

    РАКОМЕТАРИТЕ ПРЕД РЕКОРДНИ 53.000 ГЛЕДАЧИ ИЗГУБИЈА ОД ФРАНЦИЈА НА СТАРТОТ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ГЕРМАНИЈАСледниот меч на Македонија е против Германија на 14 јануари (Фото: Твитер)

    Машката ракометна репрезентација го почна Европското првенство во Германија со убедлив пораз од трикратниот европски првак Франција, а натпреварот ќе влезе во историјата по најголемата посетеност во историјата на овој спорт. Франција славеше со 39:29 пред повеќе од 53.000 гледачи, откако организаторите привремено го претворија стадионот „Меркур шпил арена“ во Диселдорф во ракометен центар.

    Македонија имаше чест да го отвори 16. Европско првенство, но против еден од најнепосакуваните противници. Сепак, по 15 минути игра имаше неочекуван резултат на семафорот, со водство на Македонија од два гола (10:8).

    Сѐ се промени откако францускиот селектор Жил побара тајм-аут во тој момент, по што Франција посериозно си ја сфати задачата и почна да доминира на теренот. И покрај тоа, Македонија не доживеа дебакл, а против вака голем противник блесна младиот Иван Џонов, кој постигна шест гола.

    На 14 јануари во Берлин, Македонија ќе се сретне со Германија (20:45 часот).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира