ЗА СВАРОВСКИ СУДИЈКАТА НЕ Е СТРАШНО АКО ГИ ОДБИЕ ДОКАЗИТЕ НА СЈО ЗА ПАЛЕЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА СВАРОВСКИ СУДИЈКАТА НЕ Е СТРАШНО АКО ГИ ОДБИЕ ДОКАЗИТЕ НА СЈО ЗА ПАЛЕЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО

    Судијката Лидија Петровска, позната од бомбите на опозицијата како „сваровски судијката“ најави дека е можно да ги одбие доказите на СЈО на вчерашното судењето против ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски за палење списи во УБК, но ѝ кажа на специјалната обвинителка Ленче Ристоска дека тоа не е страшно, зашто одлуката може да се преиначи во понатамошниот тек на судскиот процес.

    „Судот и да ги одбие доказите на СЈО со степен на класифицираност, не е страшно, бидејќи во текот на постапката, ако обезбедите од УБК дозвола за нивно користење, судот пак ќе ви ги прифати“, рече Петровска.

    Засега, актуелното раководство на УБК, како создавач на класифицираните информации кои СЈО ги предлага како докази, одбива да ги декласифицира и да даде дозвола СЈО да ги користи во судскиот процес против Грујовски, познат како „Тврдина 2“.

    На Судот и на одбраната, обвинителката Ристоска им подели копии од писмената комуникација со УБК и со МВР за да докаже, како што рече, дека СЈО направило сè за да добие дозвола да ги користи доказите во постапката против Грујовски, но дека УБК не попуштила.

    Ристоска, исто така, се повика на досегашната судска пракса кога класифицирани и информации со степен на државна тајна се користеле во судски процеси, но со исклучена јавност и оти пресуди се носеле со помош на класифицирани докази. Таа во записникот наведе и оти Законот за кривична постапка во ниеден член не предвидува одбивање на докази само затоа што се класифицирани.

    Судијката Петровска од Ристоска побара одговор како да го води процесот ако некои од адвокатите немаат безбедносен сертификат, откако во тимот на одбраната вчера дојде млада адвокатка без безбедносен сертификат, а ја праша обвинителката и како да ја напише пресудата.

    „Ете и да ги прифатам доказите, и да ја исклучам јавноста, како ќе ја напишам пресудата со класифицирани информации, кога пресудата е јавна?“, праша судијката и се пожали пред Ристоска дека законодавецот тоа не го предвидел во законот.

    Обвинителката Ристоска, како и на претходното рочиште ги праша Петровска и одбраната на Грујовски и шестемина вработени од УБК дали со ова сакаат да кажат дека воопшто не треба да има судење и да се игнорира кривичното дело што го сторил ексначалникот на Петтата управа како да не се случило?

    „Донесете вие одлука. Каква и да е, ние ќе ја почитуваме. Одбијте ги доказите, само донесете одлука за да може Јавното обвинителство да ги искористи правните лекови што му се на располагање“, побара Ристоска од Судот.

    Судијката Петровска место да донесе одлука околу доказите, реши да го почека до 9 март СЈО повторно, како што рече, да се обиде да добие дозвола од УБК за користење на класифицираните информации.
    Но, во записникот од двете подготвителни рочишта до сега, кое подоцна ќе го читаат повисоките судови во случај СЈО да ги искористи правните лекови што му се на располагање, стои фактот дека токму Основниот суд Скопје 1 му наложи на СЈО да бара дозвола од УБК за користење и за декласификација на податоците од УБК и оти Управата одбива да постапи по налогот на Основниот суд Скопје 1.

    Стои и дека Ристоска се повика на досегашната судска пракса кога класифицирани и информации со степен на државна тајна се користеле во судски процеси, но со исклучена јавност и оти пресуди се носеле со помош на класифицирани докази.
    Адвокатот на Грујовски Никола Додевски, пак, побара од Судот целосно да го отфрли обвинението на СЈО, бидејќи, како што рече, доказите требало да ги обезбеди , т.е. декласифицира, уште пред да го поднесе обвинението, а не сега.

    На 15 септември, ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски и шестмина вработени во Управата добија обвинителни предлози од Специјалното јавно обвинителство за фалсификување службени исправи, зашто противзаконски запалиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесувале на незаконското прислушување. За ова кривично дело пропишана е затворска казна до пет години.

    На 7 октомври, Апелацискиот суд ја одби жалбата на СЈО на одлуката на Основниот суд Скопје 1 да не го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на судијката Лидија Петровска. СЈО бараше нејзино изземање, бидејќи таа се споменуваше во една од „бомбите” што ги објави опозицијата како сваровски судијката, но од Апелација сметаат дека нема околности што предизвикуваат сомневање за нејзината непристрасност.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира