Антитерористичката единица на МВР, по добиена дојава за поставена бомба во зградата на Народната банка во центарот на Скопје, денеска го пребарала објектот и утврдила дека нема бомба, односно дека дојавата била лажна.
„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека e лажна пријавата за наводно поставена бомба во зградата на НБРСМ во Скопје. Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите а кои и НБРСМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен“, соопшти МВР.
Министерството апелира до граѓаните да не се вознемируваат.
„Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти“, велат оттаму.
На крајот од 2022 година и почетокот на 2023 година речиси секојдневно имаше дојави за бомби во училишта, трговски центри и државни институции, и сите беа лажни.