Тројца мажи во Италија добија по шест месеци условна затворска казна за фашистичкиот поздрав на германските воени гробишта. Апелациониот суд во Рим ги прогласи за виновни во втор степен обвинетите на возраст меѓу 50 и 60 години, објави италијанската новинска агенција АНСА. Првото судење заврши со ослободителна пресуда.
Тројцата мажи од јужниот италијански град Касине маршираа до тамошните воени гробишта во 2017. Од инцидентот има пропагандно видео кое брзо го обиколи интернетот. Повеќе од 20.000 војници се закопани во Касине. Битката за Монте Касино во 1944 година беше една од најдолгите во Втората светска војна, која траеше четири месеци.
Фашистичкиот поздрав – крената десна рака – не е генерално забранет во Италија. Гестот, познат во Италија како „римски поздрав“, може постојано да се види на десничарските настани.
Пред само неколку дена, на 7 јануари, стотици учесници на неофашистичката средба во Рим ги кренаа рацете во воздух, а полицијата не интеревенирала. Полицијата сè уште го истражува настанот.
Во Германија, гестот е познат како поздрав на Хитлер. Нацистите го усвоија од италијанските фашисти под водство на диктаторот Бенито Мусолини во 1920-тите.