ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГРАДИ НОВА АДМИНИСТРАТИВНА ЗГРАДА НА МЕСТОТО НА БАРАКИТЕ, ИЗГЛЕДОТ ЌЕ СЕ ИЗБИРА НА КОНКУРС

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГРАДИ НОВА АДМИНИСТРАТИВНА ЗГРАДА НА МЕСТОТО НА БАРАКИТЕ, ИЗГЛЕДОТ ЌЕ СЕ ИЗБИРА НА КОНКУРСУште не се знае дали зградата ќе биде само административна или ќе има и деловни простории, со оглед на тоа дека Општината се наоѓа на атрактивна локација во Дебар Маало. (Фото: К.Попов)

    Општина Центар ја почнува постапката за изградба на нова општинска зграда на местото на старите бараки. Минатиот месец, на седница на Советот на Општина Центар беше донесена одлука за почнување постапка за добивање градежно земјиште за да може да се гради административна зграда.

    Општината ги достави потребните документи до Министерството за транспорт и врски и до Владата, која треба да донесе одлука за давање на трајно користење на градежното земјиште на кое се наоѓаат бараките на Општина Центар.

    „Очекуваме оваа точка да се стави на дневен ред на наредната седница на Владата. Со донесувањето на одлуката за давање на трајно користење на градежното земјиште на Општина Центар се заокружува процесот на потребна документација и ќе се овозможи распишување јавен конкурс за идејно решение“, велат од Општина Центар.

    Дали зградата ќе биде само административна или ќе има и деловни простории, со оглед на тоа дека се наоѓа на атрактивна локација во Дебар Маало, од Општината велат дека тоа уште не се знае, односно ќе се одлучува кога ќе дојде време.

    За овој проект во буџетот на Општина Центар за 2024 планирани се средства во износ од два милиона денари, наменети за организирање конкурс за архитектонско-урбанистички проект, со вклучено идејно архитектонско решение за административна зграда.

    Бараките во кои сега се сместени градоначалникот и вработените во Општина Центар се стари 56 години, односно изградени се во рамките на обновата на градот по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира