НАТО ЈА НАЈАВИ СВОЈАТА НАЈГОЛЕМА ВЕЖБА ОД СТУДЕНАТА ВОЈНА СО УЧЕСТВО НА 90.000 ВОЈНИЦИ

    НАТО ЈА НАЈАВИ СВОЈАТА НАЈГОЛЕМА ВЕЖБА ОД СТУДЕНАТА ВОЈНА СО УЧЕСТВО НА 90.000 ВОЈНИЦИНа вежбата ќе се тестира исполнувањето на новите регионални планови на НАТО (Фото: АП)

    НАТО следната недела ќе ја почне најголемата вежба од крајот на Студената војна, при што ќе се тестира како американските трупи би можеле да ги засилат своите европски сојузници на источното крило на западната алијанса, од кои некои граничат со Русија, во случај на голем конфликт. Околу 90.000 војници ќе се придружат на вежбата „Непоколеблив бранител 2024“, што ќе трае до мај, објави главниот воен заповедник на алијансата Крис Каволи.

    Во вежбата ќе учествуваат над 50 бродови, вклучувајќи носачи на авиони и разурнувачи, над 80 борбени авиони, хеликоптери и дронови и најмалку 1.100 оклопни возила, од кои над 130 тенкови.

    На вежбата ќе се тестира исполнувањето на регионалните планови на НАТО, кои се први одбранбени планови што алијансата ги направи во последните децении“, вели Каволи.

    Во најавата на НАТО не се спомнува Русија, но таа претходно беше означена како најзначајната и најдиректна закана по безбедноста на членките на НАТО.

    Последната вежба со вакви размери беше одржана во 1988 година, со учество на 125.000 војници.

    Членките на алијансата ги потпишаа регионалните планови на ланскиот самит во Вилнус, со што заврши долга ера во која НАТО немаше потреба од големи одбранбени планови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира