ПЕДЕСЕТ УЧЕНИЦИ ОД ШТИПСКИТЕ УЧИЛИШТА ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО ЗИМАВА И НЕМА ДА ЈА ПОСЕТУВААТ НАСТАВАТА ВО ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ

    ПЕДЕСЕТ УЧЕНИЦИ ОД ШТИПСКИТЕ УЧИЛИШТА ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО ЗИМАВА И НЕМА ДА ЈА ПОСЕТУВААТ НАСТАВАТА ВО ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕОсипувањето на бројот на ученици е тренд што се повторува (Фото: СДК.МК)

    Второто полугодие од оваа учебна година започнало со гоголем број отсуства на ученици во Штип.

    „Дваесет и четири ученици од основните и 26 ученици од средните училишта во Штип со своите родители заминале во странство и за време на зимскиот распуст најавиле дека второто полугодие нема да го посетуваат“, вели раководителката на Секторот за образование во Општина Штип, Снежана Санева.

    Осипувањето на бројот на ученици загрижува, посебно поради тоа што овој тренд се повторува, па секое полугодие започнува со помалку ученици.

    Второто полугодие започна со поголем број отсуства, но според дојавите на родителите, причините главно биле здравствени, како настинки, грип и слично. Единствена непознаница е случајот со ОУ ‘Гоце Делчев‘, каде има 25 отуства на ученици без да е кажано кои се причините за тоа“, велат од општинскиот сектор за обрзование.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира