ПОЧИНА КАНАДСКИОТ РЕЖИСЕР ОСКАРОВЕЦ НОРМАН ЏУИСОН

    ПОЧИНА КАНАДСКИОТ РЕЖИСЕР ОСКАРОВЕЦ НОРМАН ЏУИСОНФилмовите на Џуисон беа номинирани за 46 оскари и освоија 12 (Фото: АП)

    Легендарниот канадски филмаџија и продуцент Норман Џуисон, кој трипати беше номиниран за Оскар за најдобра режија, почина на 97 години, потврди неговиот публицист Џеф Сандерсон. Разновиден раскажувач, Џуисон режираше комедии, мјузикли и општествено ангажирани филмови, што ги вклучува класиците „Во жештината на ноќта“, „Маѓепсана од месечината“ и „Виолинист на покривот“.

    Џуисон како млад патувал низ Америка, при што директно сведочел на расизмот на југот, а подоцна учествувал во маршеви за граѓански права, што влијаело врз некои негови филмови. Во тој поглед, најпознат е „Во жештината на ноќта“, во кој бел шериф (Род Стајгер) и црн полицаец (Сидни Поатје) заедно истражуваат убиство. „Во жештината на ноќта“ освои пет оскари во 1968, меѓу кои и за најдобар филм, додека Џуисон изгуби од Мајк Николс.

    Филмовите на Џуисон беа номинирани за 46 оскари и освоија 12. Други негови значајни филмови се сатирата за Студената војна „Русите доаѓаат, Русите доаѓаат“, рок операта „Исус Христос суперстар“, научно-фантастичната акција „Ролербол“ и драмите со Стив Меквин „Синсинати Кид“ и „Аферата на Томас Краун“.

    Американската филмска академија му додели почесен Оскар во 1999, четири години пред да го сними својот последен филм

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира