ДОЦНИ ПЛАТАТА ВО ТЕХНИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА, ОД МОН ВЕЛАТ НАЗНАЧЕНА Е ПОВТОРНО ИСТАТА ДИРЕКТОРКА КОЈА ЌЕ ГИ ПОТПИШЕ НАЛОЗИТЕ

    ДОЦНИ ПЛАТАТА ВО ТЕХНИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА, ОД МОН ВЕЛАТ НАЗНАЧЕНА Е ПОВТОРНО ИСТАТА ДИРЕКТОРКА КОЈА ЌЕ ГИ ПОТПИШЕ НАЛОЗИТЕВработените велат дека ова е првпат да доцнат платите во училиштето и дека е истечен мандатот на досегашната директорка. (Фото: СДК.МК)

    Доцни платата во Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола, каде лани во декември Министерството за образование (МОН) ѝ ги одзеде ингеренциите за поставување директор на Општина Битола. Вработените велат дека ова е првпат да доцнат платите во училиштето и дека е истечен мандатот на досегашната директорка.

    Од Министерството ни одговорија дека e назнaчена досегашната директорка на училиштето која понатаму ќе ги потпише налозите и ќе нема во исплатата на платите за вработените.

    Oткако пративме прашања до Општина Битола за ситуацијата во Техничкото училиште, кусо ни беше одговорено дека ова се проблемите на кои предупредувал градоначалникот Тони Коњановски уште лани во декември, кога му беа одземени ингеренциите во две основни и Средното техничко училиште. На другите наши прашања не добивме одговор, туку градоначалникот Коњановски  се произнесе на Фејсбук, тврдејќи дека директор уште не е поставен.

    „И покрај завршените огласи за избор на директор, основното училиште ‘Климент Охридски’ и средното техничко училиште ‘Ѓорги Наумов’, уште немаат избрани директори. Генералниот секретар на СДСМ по назначувањето од МОН и понатаму е в. д. директор на ‘Климент Охридски’, додека техничкото училиште нема ниту в. д. директор, а веќе 11 дена вработените се без плата“, објави Коњановски на Фејсбук.

    Досегашната в. д. директорка Жанета Сервини рече дека и таа ќе се произнесе по ова прашање во текот на денот.

    Локалната власт во Битола е предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а МОН веќе ѝ одзеде ингренции врз три училишта во Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира