ДО ВЧЕРА ЖЕСТОКО ГО НАПАЃАА, ДЕНЕСКА ВМРО-ДПМНЕ ЖАЛЕШЕ ОТИ СДСМ ГО ПОВЛЕКЛЕ ЉУБОМИР ЈОВЕСКИ ОД КАНДИДАТ ЗА УСТАВЕН СУДИЈА БЕЗ ДА КАЖАТ ЗОШТО

    ДО ВЧЕРА ЖЕСТОКО ГО НАПАЃАА, ДЕНЕСКА ВМРО-ДПМНЕ ЖАЛЕШЕ ОТИ СДСМ ГО ПОВЛЕКЛЕ ЉУБОМИР ЈОВЕСКИ ОД КАНДИДАТ ЗА УСТАВЕН СУДИЈА БЕЗ ДА КАЖАТ ЗОШТОПовеќе од една година опозицијата го блокираше изборот на Јовески, критикувајќи го со најлоши зборови. (Фото: СДК.МК)

    Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во собраниската комисија за избори и именувања денеска се спротивставија и на најновиот предлог на власта, професорката од Правниот факултет Ана Павловска-Данева да биде избрана за уставен судија.

    „Можеби немаме забелешка за професионалноста и квалитетот на професорката Павловска-Данева, но имаме забелешка за брзањето со изборот, зашто не е во ред вчера да се даде предлогот, а денеска да се бара да помине во комисијата Сепак, се бира уставен судија. Второ, имаме забелешка за партизацијата на Уставниот суд, Павловска-Данева пред 10-тина години беше потпретседател на СДСМ”, кажа пратеничката Ели Панова, која како и колегите забележа дека не е во ред кога Владата заминува, да се брза да се избере уставен судија во последните часови од заминувањето.

    Вчера СДСМ го повлече предлогот Љубомир Јовески за уставен судија и на негово место ја предложи професорката.

    Повеќе од една година опозицијата го блокираше изборот на поранешниот Јавен обвинител Јовески, критикувајќи го со најлоши зборови.

    Но, денеска неколку пратеници изразија жалење зашто власта го повлекла како предлог за уставен судија, а не го удостоила ни со збор-два за причината.

    Пратеникот Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ рече: „без разлика ние што зборевме овде за Јовески, требаше СДСМ да каже два-три збора зошто го повлече вчера како предлог”.

    Тој побара гаранција, на пример дадена пред нотар, дека Ана Павловска-Данева нема ништо повеќе со СДСМ.

    Павловска-Данева е еден од погласните критичари на владејачката коалиција СДСМ-ДУИ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира