Студијата за сексуално насилство во Протестантската црква во Германија (ЕКД) документирала најмалку 1.259 лица обвинети за недолично однесување во рамките на оваа организација во последните децении.
Подготвена и презентирана од независни истражувачи, студијата ги опишува наодите како врв на ледениот брег.
Актуелната претседателка на ЕКД, Кирстен Ферс, рече дека е длабоко шокирана од целокупната слика презентирана во студијата и дека само може од срце да им се извини на жртвите.
„Како институција, ние сме виновни за безброј злосторства врз безброј луѓе“, рече Ферс.
Бројот на жртвите идентификувани во извештајот, 2.225, е заснован на досиеја од регионалните црковни здруженија и од добротворната и социјална служба на ЕКД.
Црквата ја иницираше студијата во 2020 и за тоа обезбеди 3,6 милиони евра, со надеж дека ќе ги идентификува структурите во црквите и организациите кои можеби промовираат злоставување или злоупотреба на моќта. Истражувачите немаа пристап до сите лични досиеја на свештените лица, туку првенствено се потпираа на дисциплинската евиденција.
Жртвите на сексуално насилство можат да аплицираат за индивидуални отштети, кои обично се движат меѓу 5.000 и 50.000 евра.