Едно лице загина откако двајца маскирани напаѓачи пукаа во италијанска црква во Истанбул, соопштија турските власти.
Нападот се случи во областа Бујукдере околу 11.40 часот по локално време додека во црквата Санта Марија се одржувала неделната миса.
Од турското МВР велат дека во тек е голема операција за да се најдат напаѓачите.
Мотивот за нападот е непознат..