ГУЖВИ ЗА ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМИ, 500 БАРАЊА СТИГНАЛЕ ПРВИОТ ДЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА

    ГУЖВИ ЗА ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМИ, 500 БАРАЊА СТИГНАЛЕ ПРВИОТ ДЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈАОд утрово пред Министерството имаше колана од стотина граѓани кои чекаа да ги поднесат барањата за да добијат ваучер од 23.000 денари. (Фото: СДК.МК)

    Над 500 барања за ваучери за инвертер клими стигнале првиот ден откако беше објавен јавниот повик на Министерството за економија. Оваа бројка, како што велат од Министерството, е поголема бидејќи барањата од другите градови стигаат по пошта.

    Од утрово, пред Министерството имаше колона од стотина граѓани кои чекаа да ги поднесат барањата за да добијат ваучер од 23.000 денари со кој ќе можат да купат инвертер.

    Во буџетот на Министерството за економија за оваа намена се предвидени 4,1 милион евра, што значи дека има пари за околу 7.000 домаќинства. Ваучерите ќе се добиваат по пошта откако ќе заврши повикот и ќе се разгледаат барањата. Распишан е и јавен оглас за избор на фирми од каде граѓаните со ваучерите ќе може да ги набават инвертерите. Фирмите нема да смеат да ги зголемуваат цените, тоа е еден од условите во повикот“, велат од Министерството за економија.

    За да добие ваучер домаќинството треба изминатите три години да не користело субвенции за инвертер клими, да нема приклучок на централното градско парно, уредот да биде вграден во текот на 2024 година односно најдоцна до 30 ноември. Ваучерите ќе се делат по принципот прв дојден-прв услужен.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира