ПОСКАПЕ ПАРКИНГОТ ВО СКОПСКИ ГТЦ, ЕДЕН ЧАС Е 70 ДЕНАРИ

    ПОСКАПЕ ПАРКИНГОТ ВО СКОПСКИ ГТЦ, ЕДЕН ЧАС Е 70 ДЕНАРИВо ГТЦ повеќе не се издаваат хартиени билети за наплата туку пластифицирани картички. (Фото: СДК.МК)

    Поскапе за 20 денари паркирањето во Градскиот трговски центар во Скопје. Според новиот ценовник кој е на сила од 1 февруари, еден час паркирање наместо 50 денари сега е 70 денари. Два часа паркирање чини 120 денари, а за секој нареден час се плаќа плус 50 денари.

    Цената на изгубен билет е 1.770 денари , а на изгубена или оштетена магнетна картичка 2.360 денари.

    Во ГТЦ повеќе не се издаваат хартиени билети за наплата туку пластифицирани картички, со што се намалуваат трошоците за хартија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира