ЛАНИ ВО ВЕЛЕШКО ИМАЛО 226 ПОГРЕБИ ПОВЕЌЕ ОД НОВОРОДЕНИ БЕБИЊА, ИСЕЛУВАЊЕТО НА МЛАДИТЕ ГЛАВЕН ФАКТОР ЗА ПАДОТ НА ПРИРОДНИОТ ПРИРАСТ

    ЛАНИ ВО ВЕЛЕШКО ИМАЛО 226 ПОГРЕБИ ПОВЕЌЕ ОД НОВОРОДЕНИ БЕБИЊА, ИСЕЛУВАЊЕТО НА МЛАДИТЕ ГЛАВЕН ФАКТОР ЗА ПАДОТ НА ПРИРОДНИОТ ПРИРАСТСпоред пописот од 2021, Општина Велес броела 48.215 жители, а на претходниот во 2002 имала 55.108 (Фото: СДК.МК)

    Минатата година, природниот прираст во Велес бил во минус од 226 луѓе. Толкава е разликата помеѓу бројот на новородени бебиња – 329 и издадени одобренија за погреб на некои од гробиштата во општината – 555. И натаму државата нема механизми да се избројат луѓето кои се иселуваат во странство, па не може да се каже дали оваа бројка на намален прираст е конечна, оти постои и внатрешна миграција – иселување и доселување во градот.

    Има повеќе фактори кои влијаат на намалувањето на природниот прираст. Клучни се иселувањето на младите, тие кои треба да го зголемат наталитетот, лица на возраст од 20 до 35 години. Не помалку важен фактор е што подоцна се стапува во брак. Тоа пак најчесто резултира со едно дете во семејство. Младите најчесто планирањето на семејството го гледаат надвор од земјата“, кажа социологот Марија Јанушева.

    Бројките добиени од ЈЗУ Здравствен дом во Велес покажуваат дека лани биле родени 329 бебиња, 59 помалку од 2022. Се намалил и бројот на починати во Велес и селата. ЈКП „Дервен“ лани издал 555 одобренија за погреб, додека во 2022 биле 618.

    Според пописот од 2021, Општина Велес броела 48.215 жители, додека на претходниот во 2002 имала 55.108, со што за две децении бројот на жители во општината се намалил за безмалку 7.000.

    Затоа во 2023 имало повеќе склучени бракови во Велешко. Управата за водење на матична евиденција во Велес и трите одделенија во Градско, Чашка и Богомила регистрирале 416 нови брака, што е зголемување за 33 во однос на 2022.

    Во исто време се бележи пад на бројот на разводи на подрачјето на Основен суд Велес. Во 2022 биле заведени 169 барања за развод на брак, а лани 149.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира