Рускиот парламент ќе гласа на 21 февруари за излегување на земјата од ОБСЕ, изјави спикерот на Дума, Вјачеслав Володин. ОБСЕ, во која членуваат 57 држави, меѓу кои и Украина и САД, е наследничка на организација од Студената војна преку која соработувале Советски Сојуз и западните сили.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, работата на организацијата беше често парализирана поради постојаната употреба на вето од страна на Русија.
„Време е да му кажеме збогум на Парламентарното собрание на ОБСЕ. На организацијата ѝ недостига независност, исполитизирана е и танцува по нотите на Вашингтон. Но, најлошата работа во ситуацијата е што даваме пари и сме едни од најголемите плаќачи“, изјави Володин.
Украина и балтичките земји одбија да учествуваат на ланскиот годишен самит на НАТО во Скопје поради доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.