ЈАПОНИЈА ПАДНА ВО РЕЦЕСИЈА, ГЕРМАНИЈА СТАНА ТРЕТАТА НАЈГОЛЕМА ЕКОНОМИЈА НА СВЕТОТ

    ЈАПОНИЈА ПАДНА ВО РЕЦЕСИЈА, ГЕРМАНИЈА СТАНА ТРЕТАТА НАЈГОЛЕМА ЕКОНОМИЈА НА СВЕТОТПоместувањето се припишува на остриот пад на јенот во однос на доларот во последните две години. (Фото: Гети)

    Јапонија неочекувано падна во рецесија откако нејзината економија се намалила две тримесечја по ред. Бруто домашниот производ на земјата се намалил за полошо од очекуваните 0,4% во последните три месеци на 2023 во споредба со една година порано. Ова уследи откако јапонската економија се намалила за 3,3% во периодот јули-септември.

    Поради ова, Германија го презеде статусот на третата најголема економија на светот, како што беше предвидено од Меѓународниот монетарен фонд уште во октомври.

    Економијата на Јапонија пораснала за 1,9% во 2023 во номинална смисла, односно неприспособено на инфлацијата, но во однос на долари, нејзиниот БДП изнесувал 4.200 милијарди долари, а на Германија 4.500 милијарди. Поместувањето, кое доаѓа повеќе од една деценија откако Јапонија ѝ го отстапи второто место на Кина, се припишува на остриот пад на јенот во однос на доларот во последните две години.

    Како и Јапонија, Германија е сиромашна со ресурси, населението ѝ старее и е силно зависна од извозот. Најголемата европска економија, исто така, беше потресена од зголемените цени на енергијата поради војната во Украина, растот на каматните стапки во еврозоната и од хроничниот недостиг на квалификувана работна сила. Додека јапонските производители на автомобили и другите извозници имаат корист од слабиот јен, кризата со работната сила е полоша од онаа во Германија.

    Покрај Јапонија, и Велика Британија паднала во рецесија во втората половина на 2023, откако бруто домашниот производ ѝ се намалил за 0,3% во периодот октомври-декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира