Битолчанец со „БМВ“ со битолски регистарски таблички вчера удрил и оштетил пет патнички возила паркирани пред автосалон во Битола. Покрај возилата, тој со автомобилот удрил и во бетонски ѕид. Заедно со него, во визолото биле уште двајца патници. Од сообраќајката возачот се здобил со лесни телесни повреди.
Од СВР Битола го потврдија случајот. Сообраќајната полиција направила увид на местото на настанот и против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ж. ЗДРАВКОВСКА