САМО 10% ЕВРОПЕЈЦИ СÈ УШТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА УКРАИНА МОЖЕ ДА ЈА ПОБЕДИ РУСИЈА, ПОКАЖА НОВА АНКЕТА

    САМО 10% ЕВРОПЕЈЦИ СÈ УШТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА УКРАИНА МОЖЕ ДА ЈА ПОБЕДИ РУСИЈА, ПОКАЖА НОВА АНКЕТААнкетираните сметаат дека најверојатно решение за војната е некаков компромисен договор (Фото: АП)

    Само 10% луѓе во Европа и натаму веруваат дека Украина може да ја добие војната со Русија, покажа голема анкета спроведена во 12 држави од Европската Унија во пресрет на втората годишнина од почетокот на руската инвазија. Анкетата откри пораст на песимизмот околу исходот на војната, што е поттикнато од неуспешната украинска противофанзива и можната промена во американската политика со евентуалното враќање на Доналд Трамп во Белата куќа.

    Извештајот насловен „Војни и избори: Како европските лидери можат да ја одржат јавната поддршка за Украина“ вели дека 20% испитаници предвидуваат победа на Русија.

    Иако поддршката за Киев меѓу Европејците останува висока, анкетираните сметаат дека најверојатно решение за војната е некаков компромисен договор. Ова претставува промена во размислувањата, откако пред една година мнозинството Европејци сметаа дека Украина мора да ја поврати целата своја територија.

    Имајќи ги предвид овие сознанија, авторите на истражувањето велат дека европските политичари би требало да заземат пореалистичен пристап кон војната и тој да биде заснован врз тоа како да се воспостави мир.

    „Со цел да се задржи европската поддршка за Украина, лидерите на ЕУ мора да го променат начинот на кој зборуваат за војната. Мнозинството Европејци очајнички сакаат да се спречи руската победа, но не веруваат дека Киев може да извојува воена победа. Затоа помошта треба да се фокусира на тоа како да се постигне одржлив мир во полза на Киев, место победа за Путин“, вели коавторот на истражувањето Марк Леонард од Европскиот совет за надворешни односи.

    Анкетата беше спроведена во јануари, пред руската војска да ја освои Авдивка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира