ДОЈДЕ ВРЕМЕ И ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА БИДЕ АЛБАНЕЦ, ВЕЛИ АДЕМИ ОД ДУИ

    ДОЈДЕ ВРЕМЕ И ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА БИДЕ АЛБАНЕЦ, ВЕЛИ АДЕМИ ОД ДУИМинистерот за надворешни работи Бујар Османи е претседателски кандидат на ДУИ на претстојните избори. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот на ДУИ Арбр Адеми кажа дека дошло времето да го отворат патот и претседателот на државата да биде Албанец, откако веќе има прв премиер Албанец, прв вицепремиер, министер за надворешни работи и за одбрана, како претседател на Врховен, Уставен и Управен суд.

    „По првиот премиер Албанец, првиот вицепремиер, министер за надворешни работи, тој за одбрана и за внатрешни работи, државните правобранители и Народниот правобранител, претседателите на Уставниот, Врховниот и Управниот Суд, претседателите на фудбалската, боречката и боксерската федерација, дојде време да го отвориме патот и претседателот на државата да биде Албанец“, кажа Адеми на прес-конференција пред претседателската вила, со која што беше одбележан почетокот на собирање 10.000 потписи за претседателската кандидатура на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

    Тој го повтори вчерашниот став на лидерот на ДУИ Али Ахмети претседателот место на непосредни избори да се бира во Собранието со двотретинско и со Бадинтерово мнозинство.

    „Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е изборот на Претседателот на државата во Собрание со двотретинско мнозинство на гласови и со Бадинтер, за да се обезбеди општествен, натпартиски консензус за да се овозможи со над 80 гласови во Собранието и со етнички консензус да се спречи етничко надгласување и наметнување само од двете поголеми македонски политички партии“, вели Адеми.

    Вчера, Ахмети кажа дека ДУИ ќе бара уставни измени за промена на начинот на избор на претседател, како и за внесување на Бугарите во Уставот и дека тоа ќе им биде услов за коалицирање во новата влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира