31.000 УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАА ВО ВОЈНАТА, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

    31.000 УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАА ВО ВОЈНАТА, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИПоложување цвеќе на споменикот на загинатите украински војници на Михаливска плоштадот во Киев. (Фото: Икс)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека 31.000 украински војници загинале од почетокот на руската инвазија. Тој вели дека одолговлекувањето на воената од помош од Западот придонесе за неодамнешните неуспеси на фронтот.

    Украинскиот претседател вели дека нема да каже колкумина се ранети, бидејќи тоа би им помогнало на руските воени планери. Вообичаено, украинските функционери не даваат конкретни бројки на загинати војници во војната против Русија.

    Зеленски денеска кажа дека ја открива бројката на загинати како одговор на руската пропаганда.

    „31.000 украински војници загинаа во оваа војна. Не 300.000 или 150.000, или колку и да велат Путин и неговиот круг на лажговци. Но, секој од овие загинати е голема загуба за нас“, кажа Зеленски.

    Минатиот август, американски функционери излегоа со проценка дека има 70.000 загинати украински војници и уште 12.000 ранети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира