НЕ ТРЕБА ДА СЕ ИСКЛУЧИ МОЖНОСТА ЗА ИСПРАЌАЊЕ ЗАПАДНИ ТРУПИ ВО УКРАИНА, КАЖА МАКРОН

    НЕ ТРЕБА ДА СЕ ИСКЛУЧИ МОЖНОСТА ЗА ИСПРАЌАЊЕ ЗАПАДНИ ТРУПИ ВО УКРАИНА, КАЖА МАКРОНРуските трупи напредуваа на источниот фронт, искористувајќи ја својата предност во муниција и луѓе (Фото: ТАСС)

    Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека поразот на Русија во Украина е клучен за европската безбедност, додека Киев бара уште оружје од своите западни сојузници. Макрон кажа дека европските лидери се согласиле да направат коалиција која на Украина ќе ѝ дава проектили и бомби со долг и среден дострел.

    Не постои консензус за испраќање западни трупи во Украина на начин кој би бил официјален и одобрен, но ништо не треба да се исклучи. Во интерес на безбедноста можеби ќе се јави потреба од некакво распоредување“, изјави Макрон.

    Словачкиот премиер Роберт Фико вчера кажа дека неколку членки на НАТО и ЕУ размислуваат да испратат свои војници во Украина на билатерална основа.

    Не би можел да кажам која би била нивната цел и што би правеле таму“, додаде Фико.

    Москва постојано предупредува дека какво било распоредување западни трупи во Украина би довело до директен судир помеѓу Русија и НАТО.

    Руските трупи напредуваа на источниот фронт, искористувајќи ја својата предност во муниција и луѓе. Киев е силно зависен од испораките на модерното западно оружје, особено од САД, но новата воена помош од над 60 милијарди долари останува заглавена во Конгресот.

    Ние сме убедени дека поразот на Русија е суштински за безбедноста и стабилноста на Европа. Русија е агресор, но ние не сме во војна со рускиот народ. Едноставно, не сакаме тие да победат“, кажа Макрон.

    Тој најави дека новата коалиција ќе ја снабдува Украина со проектили со долг и среден дострел за да може изведува напади во длабочина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира