ВО ВОЗ УКРАДЕНА ТОРБА КОЈА СОДРЖЕЛА БЕЗБЕДНОСНИ ПЛАНОВИ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПАРИЗ

    ВО ВОЗ УКРАДЕНА ТОРБА КОЈА СОДРЖЕЛА БЕЗБЕДНОСНИ ПЛАНОВИ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПАРИЗКражбата се случила на железничката станица Гард де Норд (Фото: Алами)

    Торба во која биле лаптоп и два УСБ стика кои содржеле безбедносни планови за Олимписките игри во Париз е украдена од воз на железничката станица Гард де Норд во главниот град на Франција.

    Полицијата кажа дека торбата му припаѓала на инженер од градското собрание на Париз, додавајќи дека тој ја ставил во просторот за багаж над седиштето. Бидејќи возот му доцнел, тој решил да го промени возот, кога забележал дека торбата му ја нема.

    Инженерот рекол дека неговиот работен лаптоп и двата УСБ стика содржеле чувствителни податоци, вклучувајќи планови на општинската полиција за обезбедување на годинашната Олимпијада.

    Две илјади општински полицајци и околу 35.000 припадници на обезбедувањето ќе бидат распоредени за време на ОИ, кои ќе се одржуваат од 26 јули до 11 август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира