СЕ УКИНУВА ГРАФАТА НАЦИОНАЛНОСТ ВО ИЗВОДИТЕ ЗА РОДЕНИ, ВЕНЧАНИ И УМРЕНИ, ЗАШТО Е ПРИВАТНО ЧУВСТВО КОЕ НЕ МОРА ЈАВНО ДА СЕ ИСКАЖУВА

    СЕ УКИНУВА ГРАФАТА НАЦИОНАЛНОСТ ВО ИЗВОДИТЕ ЗА РОДЕНИ, ВЕНЧАНИ И УМРЕНИ, ЗАШТО Е ПРИВАТНО ЧУВСТВО КОЕ НЕ МОРА ЈАВНО ДА СЕ ИСКАЖУВАСега Уставниот суд и од законот ги избриша зборовите „националност“, па вакви упатства во иднина повеќе не можат да се носат додека владее овој Закон за матична евиденција (Фото:СДК.МК)

    Уставниот суд денеска одлучи да ја укине законската обврска за изјаснување за националност во матичните книги, односно во изводите на родени, венчани и умрени. Ова значи, дека се укинува графата „националност“ во Законот за матична евиденција.

    Во декември, пак, со времена мерка го укина издавањето изводи со графа „националност“.

    Според Судот, вакво терање граѓаните да мора да го стават во документ своето лично чувство за националната припадност, не е во ред.

    За Судот, со таа обврска граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност. Тоа се коси со уставногарантираното право на слободно изразување на националната припадност, како темелна вредност на уставниот поредок, што го вклучува правото на лицето да ја изрази, но и да не ја изрази националната припадност.

    Уставниот суд лани поведе постапка по сопствена иницијатива. Поведе постапка откакко министерот за правда Кренар Лога објави во мај лани упатство за задолжително изјаснување за националност, бидејќи не беше објавено во рок од 7 дена од моментот на неговото донесување и тој предмет е завршен. На 27 септември лани го поништи упатството на Лога.

    Во меѓувреме, партијата Левица го оспори законот.

    Сега Уставниот суд и од законот ги избриша зборовите „националност“, па вакви упатства во иднина повеќе не можат да се носат додека владее овој Закон за матична евиденција.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира