ДОКТОРКА НАПАДНАЛА КОЛЕШКА ВО БИТОЛСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

    ДОКТОРКА НАПАДНАЛА КОЛЕШКА ВО БИТОЛСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦАСтанува збор за докторки вработени на исто болничко одделение во Битолската олница. (Фото: СДК.МК)

    Докторка вработена во Клиничката болница од Битола вчера пријавила во битолската полиција дека на работното место била нападната од своја колешка. Случајот го потврдија од СВР Битола. Станува збор за докторки вработени на исто болничко одделение.

    „Во петокот во 15.50 часот во СВР Битола, Т. Ч. И. (49) од Битола пријавила дека на работното место во Клиничка болница Битола била физички нападната од нејзината колешка Д. Т. од Битола“, се вели во соопштението на СВР Битола.

    Од полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира