НАД 3,7 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ДЕМОНСТРИРАА НА „ЖЕНСКИОТ МАРШ“ ПРОТИВ ТРАМП ВО САД

a:1:{s:9:"td_source";s:33:"САД,(Разниизвори)

    НАД 3,7 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ДЕМОНСТРИРАА НА „ЖЕНСКИОТ МАРШ“ ПРОТИВ ТРАМП ВО САД

    Повеќе од 3,7 милиони луѓе учествувале на „Женскиот марш“ што се одржа во саботата во 500 градови во САД, протестирајќи против изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и против политиките што ги застапува. Оваа бројка уште не е конечна, оти околу 200 маршови уште не ги објавиле податоците за бројот на учесници. Ова се најмасовните демонстрации во историјата на САД.

    Главниот протест се одржа во саботата во Вашингтон, каде околу еден милион луѓе изразија револт поради ставот на новиот американски претседател за женските права за кои демонстрантите сметаат дека се загрозени од новата американска
    администрација. Организаторите на протестите истакнаа дека не протестираат само како движење насочено против Трамп, туку и против говорот на омраза, реториката исполнета со омраза, омразата кон жените, ксенофобијата, хомофобијата и верската нетолеранција.

    Според медиумите, на протестот во Лос Анџелес учествувале повеќе од половина милион луѓе, а речиси во идентичен број излегле и на улиците во Њујорк. Протести имаше и во Чикаго, Сан Франциско, Далас, Сиетл, Денвер и во други градови во САД.

    На „Женскиот марш“ му се приклучија и илјадници луѓе во Австралија и во Нов Зеланд, а протести беа одржани и во Лондон, Париз, Берлин, Амстердам и во други европски градови.

    На маршот меѓу другите се обратија и активистиката за човекови права Анџела Дејвис, феминистката Глорија Стајнем и бројни јавни личности, како музичките ѕвезди Мадона и Кејти Пери, филмскиот режисер и продуцент Мајкл Мур и актерките Ешли Џад, Џулија Робертс и Скарлет Јохансон.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира