КРАЈНАТА ДЕСНИЦА СТАНА ТРЕТАТА ПОЛИТИЧКА СИЛА ВО ПОРТУГАЛИЈА ПО ИЗБОРИТЕ КОИ НЕ ДАДОА ЈАСЕН ПОБЕДНИК

    КРАЈНАТА ДЕСНИЦА СТАНА ТРЕТАТА ПОЛИТИЧКА СИЛА ВО ПОРТУГАЛИЈА ПО ИЗБОРИТЕ КОИ НЕ ДАДОА ЈАСЕН ПОБЕДНИКЛидерот на Демократска алијанса Луиз Монтенегро кажа дека десниот центар треба да добие мандат за формирање влада (Фото: ЕПА)

    Десниот центар однесе тесна победа на вчерашните парламентарни избори во Португалија, но ќе има мали шанси да формира мнозинска влада. Лидерот на Демократска алијанса Луиз Монтенегро им кажа на своите приврзаници дека Португалија гласаше за промена, иако двете главни ривалски партии освоија по околу 29% гласови.

    Единствено крајнодесничарската партија Доста (Chega) оствари јасен успех. Пет години откако се појави на португалската политичка сцена, партијата на бившиот фудбалски коментатор Андре Вентура доби 18% гласови и 48 места во парламентот.

    Десет милиони Португалци добија можност да гласаат на вонредни избори четири месеци откако социјалистичкиот премиер Антонио Коста поднесе оставка поради обвинувања за корупција во неговиот кабинет, иако тој самиот не беше осомничен. Иако и покрај тоа очекуваа добар резултат на изборите, Социјалистите признаа дека ќе бидат нови лидери на опозицијата.

    „Убеден сум дека претседателот на државата ќе му го додели на десниот центар мандатот за формирање влада. Гласачите јасно кажаа дека сакаат нова влада и промена во политиките“, кажа Монтенегро, чија партија треба да има 79 пратеници, двајца повеќе од Социјалистите.

    Доста стана третата политичка сила во земјата и би можела да има клучна улога во формирањето на новата влада. Монтенегро веднаш кажа дека нема да коалицира со Вентура, кого го опиша како ксенофоб и расист.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира