„МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“ ПОЧНУВА КАМПАЊА ИНСПИРИРАНА ОД ДЕЛАТА НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

    „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“ ПОЧНУВА КАМПАЊА ИНСПИРИРАНА ОД ДЕЛАТА НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИОд „Телеком“ велат дека делата на Стефановски повикуваат на сплотеност, единство и надминување на разликите (Фото: СДК.МК)

    Македонски Телеком ја започнува кампањата „Да направиме место“ со која се поттикнуваат и инспирираат отвореност и меѓусебно разбирање кои се важни за вистинско поврзување. Кампањата е инспирирана од делата на Горан Стефановски, кои ги отсликуваат нашите дух, култура и живот и повикуваат на сплотеност, единство и надминување на разликите.

    Нашата улога е да ги поврземе луѓето преку комуникациски услуги, но ние имаме одговорност да бидеме многу повеќе од давател на услуги. Сметаме дека дигиталната технологија не e само алатка за поврзување, туку и алатка за обединување и ширење дигитален оптимизам. Затоа повикуваме на отвореност и разбирање, за да можеме да се прифатиме, а потоа и вистински да се поврземе“, вели Емилија Андоновска, главна комерцијална директорка за приватни корисници.

    Од „Телеком“ велат дека со кампањата „Да направиме место“ ја отвораат темата за предизвиците со кои се соочуваме како општество.

    Со дигиталната технологија сакаме да креираме врски и да создаваме моменти кои инспирираат отвореност и поттикнуваат меѓусебно разбирање, затоа што веруваме дека за вистинско поврзување е потребен отворен свет. Ние тоа го нарекуваме дигитален оптимизам, кој е во тесна врска со нашиот бренд и со цврстата определба да бидеме доверлив партнер на луѓето во времиња на предизвици и да ги поврземе со сето она што им е важно“, додаваат од „Телеком“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира