СВИРКАЧ КОЈ ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА АВИОНИТЕ „БОИНГ“ ПРОНАЈДЕН МРТОВ

    СВИРКАЧ КОЈ ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА АВИОНИТЕ „БОИНГ“ ПРОНАЈДЕН МРТОВЏон Барнет работел во „Боинг“ 32 години, до пензионирањето во 2017

    Поранешен вработен во „Боинг“ кој укажа на загриженоста за производствените стандарди на компанијата е пронајден мртов во САД. Џон Барнет работел во „Боинг“ 32 години, до пензионирањето во 2017 од здравствени причини.

    Пред да почине, тој дал докази за тужба против компанијата.

    Властите кажаа дека 62-годишниот Барнет починал од самонанесена рана на 9 март и дека полицијата покренала истрага.

    Од 2010, Барнет работел како менаџер за квалитет во фабриката на „Боинг“ во Норт Чарлстон, каде што се произведува огромниот авион „дримлајнер 787“. Во 2019 тој изјави дека работниците работат под голем притисок и намерно монтираат супстандардни делови на авионите, а откри и дека се прикриваат сериозни проблеми со системите за кислород, поради што една од четири маски за дишење не би работеле во вонредна ситуација.

    Тој рече дека веднаш откако почнал со работа во Јужна Каролина се загрижил дека под притисок да се изгради нов авион, процесот на склопување бил избрзан, а безбедноста била загрозена, што компанијата го негираше. Барнет ги известил надлежните за неговите грижи, но никој не реагирал. Анализа спроведена од Американската агенција за авијација во 2017 потврдила некои тврдења на Барнет.

    По пензионирањето, Барнет почнал долга судска битка против компанијата. Тој наводно бил пронајден мртов во неговиот камион на хотелски паркинг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира