НА СИН МИ И СНАА МИ НАМЕСТО ИЗВОД ЗА ВЕНЧАНИ ИМ ДАЛЕ ИЗВОД ЗА УМРЕНИ, РЕЧЕ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ

    НА СИН МИ И СНАА МИ НАМЕСТО ИЗВОД ЗА ВЕНЧАНИ ИМ ДАЛЕ ИЗВОД ЗА УМРЕНИ, РЕЧЕ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ„Малку останавме политичари од Титово време што знаат како функционирала државата“, рече Јакимовски. (Фото: Фејсбук)

    Синот и снаата на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски наместо извод од матичната книга на родени добиле извод од матичната книга на умрени. Јакимовски одржа прес-конференција пред просториите на Управата за водење на матични книги на која кажа дека поради некадарни и несовесни партиски вработувања од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, оваа институција е нефункционална.

    Денот на нивната венчавка е впишан како ден на нивната смрт. Овие млади луѓе се во шок, можете да замислите секоја годишнина од бракот на што ќе ги потсеќа“, рече Јакимовски. 

    „Потпишана е Диана Аксентиевиќ, веројатно кадар на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ бидејќи не е Албанка, не може да е на ДУИ. Ете што имаме во институциите кога се вработуваат партиски луѓе кои лепеле плакати. Некој што е совесен со домашно воспитување и што е посветен на својотата работа нема да направи ваква грешка. Малку останавме политичари од Титово време што знаат како функционирала државата, се друго резултат на пристрасна кампања и лепење плакати“, рече Јакимовски.

    САКАМДАКАЖАМ.МК објави серија текстови за грешни изводи кои ги издаваат вработените во Управата за водење матични книги. Масовните поплаки од стотици граѓани што ги контактиравме се однесуваа за згрешени изводи на родени што ги вадат од Управата, има премногу и за згрешени изводи на венчани, но најморбидна е состојбата со згрешените посмртници.

    Состојбата и тука е алармантна, зашто има живи сопружници кои и 5 години по смртта на брачниот другар не може да извадат посмртница, или посмртница без згрешени податоци, и со години да не може да остварат пренос на пензија.

    Луѓето што имале проблем со вадење на извод на умрени за родител или друг близок член од семејството, имаат навистина пеколни приказни. Не е само пензијата проблем. Со месеци и со години не може на починатите да им ги одјават сметките во банка, за телефон, па принудени се да ги плаќаат со години. Некаде, додуша и да заглават кај извршител.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира