РУСИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ПУТИН СО ДОЛГИ РЕДИЦИ ПРЕД ГЛАСАЧКИТЕ МЕСТА ТОЧНО НАПЛАДНЕ

    РУСИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ПУТИН СО ДОЛГИ РЕДИЦИ ПРЕД ГЛАСАЧКИТЕ МЕСТА ТОЧНО НАПЛАДНЕМногу гласачки места во Москва беа празни утрово, но долги редици за гласање се појавија точно напладне, и покрај пораките на властите до граѓаните да не учествуваат во „екстремистички“ акции. (Фото: РИА)

    Иако на последниот ден од претседателските избори во Русија има само еден можен исход, илјадници Руси се решија да протестираат против автократското владеење на Владимир Путин со чекање во долги редици пред гласачките места точно напладне. Тоа е одговор на повикот на починатиот опозиционер Алексеј Навални, кој апелираше на ваков потег пред ненадејно да почине во арктички затвор.

    Протест „Пладне против Путин“ со формирање долги редици пред гласачките места се случи во Москва, Санкт Петерзбург, Јекатеринбург, Челјабинск, Томск и Новосибирск, и беше впечатлив, иако залуден, потег за спротивставување на пораката на Кремљ дека Путин е легитимен претседател со огромна поддршка.

    Многу гласачки места во Москва беа празни утрово, но долги редици за гласање се појавија точно напладне, и покрај пораките на властите до граѓаните да не учествуваат во „екстремистички“ акции.

    Навални, кој долги години се бореше за слободни и фер избори во Русија, и му беше забрането да се кандидира за претседател во 2018 година, ги повика граѓаните да гласаат против Путин во недела напладне.

    Неговата вдовица Јулија Навална го обвини Путин дека го наредил убиството на нејзиниот сопруг, и многу западни лидери рекоа дека Путин е одговорен за неговата смрт.

    Кремљ ги негира обвинувањата.

    Со победа на претседателските избори, Путин ќе добие нов шестгодишен мандат, а со устаВни измени си обезбеди можност да остане на власт до 2036 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира