САМО СЕДУМ ДРЖАВИ ГИ ИСПОЛНУВААТ СТАНДАРДИТЕ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ, ВЕЛИ НОВ ИЗВЕШТАЈ НА СЗО

    САМО СЕДУМ ДРЖАВИ ГИ ИСПОЛНУВААТ СТАНДАРДИТЕ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ, ВЕЛИ НОВ ИЗВЕШТАЈ НА СЗОНајголем дел од државите не ги исполнуваат стандардите за ПМ2,5 честички (Фото: СДК.МК)

    Само седум држави ги исполнуваат меѓународните стандарди за квалитет на воздухот, вели Светската здравствена организација (СЗО), при што опасното аерозагадување се влошува на некои места поради порастот на економските активности и шумските пожари. Од 134 држави и региони опфатени во извештајот, само Австралија, Естонија, Финска, Гренада, Исланд, Маврициус и Нов Зеланд ги исполнуваат ограничувањата за ситни честички во воздухот што се исфрлаат од автомобилите, камионите и индустриското производство.

    Најголем дел од државите не ги исполнуваат стандардите за ПМ2,5 честички, кои ако се вдишуваат, можат да предизвикаат низа здравствени проблеми.

    Иако генерално воздухот во светот е почист одошто беше во најголем дел од минатиот век, на некои места нивото на загадувањето е особено опасно. Најзагадената земја е Пакистан, каде што нивото на ПМ2,5 честички е 14 пати поголемо од пропишаните стандарди на СЗО, па следуваат Индија, Таџикистан и Буркина Фасо.

    Но, и богатите и економски брзо растечките земји имаат проблем со аерозагадувањето. Во Канада, која долго време беше меѓу земјите со најчист воздух на светот, лани се влоши ситуацијата со ПМ2,5 честичките поради големите шумски пожари, а во Кина, порастот на економските активности по пандемијата на ковид-19 поништи голем дел од подобрувањата на квалитетот на воздухот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира