УБИЕН МАТИЧЕН ЛЕКАР ОД ПОЛИКЛИНИКАТА „ЖЕЛЕЗАРА“ ВО СКОПЈЕ

    УБИЕН МАТИЧЕН ЛЕКАР ОД ПОЛИКЛИНИКАТА „ЖЕЛЕЗАРА“ ВО СКОПЈЕСе претпоставува дека бил убиен во неговото возило, бидејќи синовите таму го нашле со убодни рани, соопшти полицијата. (Фото: СДК.МК)

    Општ матичен лекар од поликлиниката „Железара“ во Скопје, скопјенецот А. Т. (67), доцна синоќа бил најден мртов откако вчера попладне не се вратил дома од работа. Се претпоставува дека бил убиен во неговото возило, бидејќи синовите таму го нашле со убодни рани, соопшти полицијата.

    „На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило ‘киа’ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А. Т. (67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, сооошти МВР.

    Обвинителството соопшти дека јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување снимки од видеонадзор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира