НАЈМАЛКУ 40 МРТВИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО КОНЦЕРТНА САЛА БЛИЗУ МОСКВА, НА КОНЦЕРТОТ ИМАЛО 6.200 ЛУЃЕ

    НАЈМАЛКУ 40 МРТВИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО КОНЦЕРТНА САЛА БЛИЗУ МОСКВА, НА КОНЦЕРТОТ ИМАЛО 6.200 ЛУЃЕЗасега нема информации кој стои зад нападот (Фото: АП)

    Најмалку 40 луѓе се убиени, а над 100 се ранети во вечерашниот напад во концертната сала „Крокус“ во предградие на Москва, објави новинската агенција ТАСС. Истражувачкиот комитет на Русија кажа дека нападот се третира како терористички, но засега нема информации кој стои зад него.

    Најмногу петмина вооружени лица облечени во маскирни униформи се вмешани во нападот. Се верува дека најмалку еден успеал да избега и се трага по него.

    Салата во која се случи нападот е оддалечена 20 километри од Црвениот плоштад во Москва. Новинската агенција РИА објави дека околу една третина од објектот е во пламен и дека покривот на салата се урива, а се верува дека внатре има уште луѓе.

    Руските медиуми објавија дека во моментот на нападот во салата имало 6.200 луѓе, односно толку билети биле продадени за концертот на руската рок група „Пикник“. Максималниот капацитет на салата е 9.500.

    Американската амбасада во Москва неодамна предупреди дека би можело да има екстремистички напади во Русија. Белата куќа објави дека и натаму собираат информации за тоа што се случува, но дека во моментов нема назнаки дека Украина е вмешана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира