ДЕПОНИЈА СТОИ СРЕДЕ СКОПСКИ КАПИШТЕЦ ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА, НИКОЈ НЕ ЈА ЧИСТИ НИТУ НЕКОЈ Е КАЗНЕТ

    ДЕПОНИЈА СТОИ СРЕДЕ СКОПСКИ КАПИШТЕЦ ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА, НИКОЈ НЕ ЈА ЧИСТИ НИТУ НЕКОЈ Е КАЗНЕТСтанува збор за депонија создадена во и околу објект спроти Католичката црква. (Фото: К. Попов)

    Среде населбата Капиштец во скопската Општина Центар повеќе од една година стои депонија од градежен шут и никој не презема ништо. Станува збор за депонија создадена во и околу објект спроти Католичката црква. Во минатото, овој објект беше хостел, но неколку години не работи и оттогаш е претворен во депонија.

    Објектот и надвор и внатре е затрупан со секаков вид градежен шут. Никој не го чисти, ниту пак инспекторите на Општина Центар го казниле сопственикот.

    Од Општината не одговорија на нашите прашања зошто се дозволува да постои ваква депонија во центарот на градот, каде што секојдневно минуваат илјадници граѓани.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира