ПУТИН КАЖА ДЕКА ИЗВРШИТЕЛИТЕ НА МАСАКРОТ КАЈ МОСКВА БИЛЕ ФАТЕНИ ДОДЕКА БЕГАЛЕ КОН УКРАИНА

    ПУТИН КАЖА ДЕКА ИЗВРШИТЕЛИТЕ НА МАСАКРОТ КАЈ МОСКВА БИЛЕ ФАТЕНИ ДОДЕКА БЕГАЛЕ КОН УКРАИНАБројот на загинати порасна на 133 (Фото: Гети)

    Владимир Путин се огласи по вчерашниот терористички напад во концертна сала близу Москва, во кој загинаа најмалку 133 луѓе и потврди дека се уапсени сите четворица напаѓачи. Тој кажа дека напаѓачите се обиделе да избегаат кон Украина.

    Пронајдени се и приведени сите четворица директни извршители на терористичкиот напад, сите кои пукаа и убиваа луѓе. Тие се обиделе да се скријат и се движеле кон Украина, при што, според првичните податоци, им бил подготвен простор на украинската страна за да ја преминат државната граница. Приведени се вкупно 11 лица“, кажа Путин.

    Тој додаде дека утре ќе биде ден на жалост во целата земја.

    Нападот во концертната сала беше варварски терористички чин. Тие одблиску пукаа во нашите граѓани, исто како што нацистите вршеле масакри на окупираните територии. Сите извршители, организатори и соучесници на ова злосторство ќе добијат неизбежна казна. Нашите непријатели нема да нѐ поделат“, рече Путин во своето обраќање.

    Во меѓувреме, бројот на загинати порасна на 133, додека истражителите продолжуваат да пребаруваат по остатоците од изгорената сала.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира