РАБОТНИЦИТЕ КОИ ПАДНАА ВО РЕКАТА ПРИ УРИВАЊЕТО НА МОСТОТ ВО БАЛТИМОР ПРОГЛАСЕНИ ЗА МРТВИ, СИТЕ БИЛЕ МИГРАНТИ ОД ЈУЖНА АМЕРИКА

    РАБОТНИЦИТЕ КОИ ПАДНАА ВО РЕКАТА ПРИ УРИВАЊЕТО НА МОСТОТ ВО БАЛТИМОР ПРОГЛАСЕНИ ЗА МРТВИ, СИТЕ БИЛЕ МИГРАНТИ ОД ЈУЖНА АМЕРИКАУривањето на мостпт „Френсис Скот Ки“ доведе до затворање на пристаништето во Балтимор на неодредено време (Фото: АП)

    Државната полиција на Мериленд кажа дека шестемина луѓе кои исчезнаа по вчерашното уривање на мост во Балтимор се веројатно мртви, но потрагата во водите на реката Патапско ќе продолжи и денеска. Речиси три километри долгиот мост „Френсис Скот Ки“ се урна откако во него удри голем товарен брод и оваа катастрофа доведе до затворање на пристаништето во Балтимор на неодредено време, кое е едно од најпрометните во САД и особено е важно за автомобилската индустрија.

    Откако исчезнаа надежите за пронаоѓање на исчезнатите работници, потрагата беше прекината во вечерните часови, 18 часа откако тие паднаа во студената река. Спасувачките напори беа отежнати и од лошата видливост и опасните струи околу остатоците од мостот.

    Се надеваме дека утрово ќе ги вратиме нуркачите во реката и ќе почнеме уште подетална потрага со цел да ги најдеме телата на исчезнатите луѓе. Не веруваме дека некој преживеал“, изјави полицискиот полковник Роланд Батлер.

    Спасувачите вчера извадија двајца луѓе од реката, од кои еден е во болница. Сите тие биле дел од екипата градежници кои во моментот на несреќата поправале дупки на патот на мостот. Се верува дека исчезнатите работници биле државјани на Мексико, Гватемала и Ел Салвадор.

    Речиси 300 метри долгиот брод „Дали“ само што го почнал своето патување кон Шри Ланка, кога изгубил погон и удрил во еден од столбовите на мостот. Бродот претходно испратил повик за помош, поради што навреме бил запрен сообраќајот преку мостот. Засега нема потврдени информации дали и колку автомобили паднале во реката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира