ЕЛЕМ ПЛАТИЛА 3,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СОФТВЕР ШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА И 4 ГОДИНИ ПО ДОГОВОРЕНОТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕЛЕМ ПЛАТИЛА 3,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СОФТВЕР ШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА И 4 ГОДИНИ ПО ДОГОВОРЕНОТО

    Државната компанија „Електрани на Македонија“ досега вкупно исплатила околу 3.700.000 евра за набавка на софтвер што, според доказите на Специјалното јавно обвинителство, во значителен дел не е имплементиран, иако согласно Договорот за јавна набавка, системот требало да се имплементира до 11.02.2013 година, соопшти вчера СЈО.

    Во врска со овој случај, СЈО отвори истражна постапка под кодно име „Тарифа“, во која се опфатени седум лица поради постоење на основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

    „Постои основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапка по јавна набавка на софвер – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ, при што осомничените лица со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација. Вредноста на склучениот Договор за јавна набавка е 4.092.420 евра“, велат од СЈО.

    Дел од осомничените лица, како што соопшти СЈО, неосновано одобриле исплати на парични средства на име лиценци за одржување на софтверот, бидејќи системот не бил имплементиран, со што причиниле штета во износ од 456.560 евра.

    Случајот „Тарифа“ произлегува од разговорот помеѓу поранешниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чинговски и поранешниот премиер Никола Груевски, објавен во бомбите на опозицијата. Во разговорот се споменува и извесен Жарко, преку кого, како што вели Чинговски, требало да оди системот за менаџмент на документацијата. 

    „Постои основано сомнение дека едно правно лице од конзорциумот, иако бил овластен субјект за набавка и имплементација на модулот за менаџмент на документација, сепак била извршена набавка на ваквиот модул преку други правни лица со посебен договор, и покрај тоа што овој модул бил предвиден во Понудата на конзорциумот и за него не била потребна посебна набавка. Воедно, постои основано сомнение дека по набавката на модулот за менаџмент на документација едно од осомничените лица издало сертификат за оперативно прифаќање на модулот, што е услов за одобрување на плаќања по основ имплементација на модулот, иако постојат писмени докази дека модулот не е ставен во функција, па врз основа на ваквиот сертификат дел од осомничените лица одобриле исплати во износ од 16.800 евра“, стои во вчерашното соопштение на СЈО.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира