Луис Госет Џуниор, првиот црн актер кој добил Оскар за најдобра споредна улога, почина на 87 години во Санта Моника, објави неговото семејство, не откривајќи ја причината за смртта. Госет се прослави со ликот на наредникот Емил Фоли во „Офицер и џентлмен“, за што беше награден со Златен глобус и Оскар во 1983 година.
Госет почнал да глуми уште како средношколец, а по студирањето на Универзитетот во Њујорк учел глума заедно со Мерилин Монро, Стив Меквин и Мартин Ландау во студиото на Френк Силвера.
Откако се здобил со популарност на Бродвеј, заминал во Холивуд, дебитирајќи на филм во 1961 година. Во кариерата одиграл 200 филмски и телевизиски улоги и доби и награда Еми во 1977.
Тој своевремено призна дека и по големиот триумф со „Офицер и џентлмен“ не се променил неговиот статус на спореден глумец, но и дека потоа се борел со зависност од алкохол и кокаин.
Последната филмска улога ја оствари во минатогодишниот римејк на „Бојата на пурпурот“.