Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот „Меѓународен сојуз“ во делот за кривичните дела Измама и Перење пари, каде што првостепено осуден беа осудени Бојан Јовановски – Боки 13 и уште две лица, соопштија од судот.
Во овој предмет, на 7 април 2022 година, Основниот кривичен суд Скопје неправосилно го осуди на казна затвор во траење од 9 години затвор шоуменот и бивш сопственик на телевизија Боки 13. Тој е правосилно осуден на 9 години затвор во предметот „Рекет“.
Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за „Меѓународен сојуз“ е потврдена од Апелација во делот за ослободителната пресуда за поранешната пратеничка Фросина Ременски.
Во предметот „Меѓународен сојуз“, Боки 13 е обвинет дека преку истоимената невладината организација измамил бизнисмени со проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси.